Четириесет и петгодишен скопјанец е пронајден мртов на Црн Врв на местото викано „Празна торба“.
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека починатиот У.Ф. е пронајден вчера во 16:15 часот од страна на полициски службеници, а неговото исчезнување претходниот ден го пријавила неговата сопруга.
Во близина бил пронајден и неговиот автомобил „лада нива“, со скопски регистарски ознаки. Извршен бил увид на местото на настанот, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.