Додека Заев и Филипче беа со мотори на Беласица, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска објави фотографии од своето искачување на Петлец, Малешевски Планини.

„Во 1906 година на ова место згаснува животот на еден од основачите на организацијата Дамјан Груев, идеолог, борец, револуционер, организатор на борбата за слобода на Македонија.
Неговата борба е наш долг, за кого, ако не за Македонија“ – посочи тој.