Во СВР Скопје ноќеска во 06:40 полициски службеник за внатрешно обезбедување на Министерството за економија пријавил дека во 04:00 часот на улица „Јуриј Гагарин“ непознато лице ја искршил стаклената влезна врата на министерството.

Пријавено е и оштетување на ретровизорот на возило „Поло“, паркирано пред зградата на министерството.

Од СВР соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во СВР Скопје ноќеска во 04:20 часот било пријавено дека на булевар „Кирил и Методиј“, Д.А.(22) од Скопје со употреба на физичка сила извршил оштетување на две стаклени врати на објектот во кој што е сместен Инфоцентарот на Европска Унија.

Од МВР информираат дека тој бил приведен во Полициската станица Центар и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава