Кривична пријава доби 50-годишен жител на скопската општина Студеничани поради кражба на животно, соопшти МВР.

Во Полициската станица во Драчево приведен е 50-годишник од скопското село Студеничани осомничен дека украл куче домашен миленик, од двор во скопската населба. Кучето е вратено на сопственикот.

-На 16.12.2023 во 12.50 часот, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода К.И.(50) од с.Студеничани, скопско. Тој се сомничи дека околу 09.00 часот од двор на подрачје на Драчево одзел куче домашен миленик, сопственост на Н.Т.(41) од Скопје. Кучето било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во известувањето од МВР.