Во текот на изминатите 24 часа полицијата регистрирала 504 прекршоци за неносење на заштитна маска на територијата на Република Македонија.

Министерството за внатрешни работи секојдневно апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата кои се во насока на спречување на ширењето на Ковид -19.