Тетовската полиција приведе 19 годишно лице како осомничен за обид за обљуба на девојче на 14 години. Случајот се случил во неделата, во понеделникот го пријавила мајката на девојчето.

-Вчера 31-годишна тетовка во СВР Тетово пријавила дека претходниот ден околу 14 часот, 19-годишен тетовец во неговиот стан ја повикал нејзината малолетна ќерка и во влезот од нивната зграда ја допирал по телото и се обидел да изврши обљуба, но не успеал, бидејќи девојчето избегало и и раскажало на својата тетка.  Момчето било лишено од слобода и задржано е во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, информира денеска СВР Тетово.

Ова е втор сличен случај за десетина дена. Во петокот 61 годишник беше притворен по што доби и притвор за полов напад врз девојче што не наполнило 14 години.