На улица „Невена Георгиева Дуња“ во Скопје, вчера во 17:15 часот полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Љ.Џ.(33) од Скопје, информираат од МВР.

– Тој се сомничи дека во 16:40 часот на истата улица со употреба на сила од патничко возило одзел торба, која била пронајдена кај него и ќе биде вратена на сопственикот. Љ.Џ. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од полиција.