На територија на Град Скопје вчера санкционирани се 44 возачи кои возеле побрзо од дозволеното и 20 возачи кои немале возачка дозвола.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 161 мерка. Меѓу нив има и 10 мерки за вградени неатестирани фолии, осум за нерегистрирани возила и четири за користење на мобилен телефон.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот.