Во 20.34 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека на булеварот„Кирил и Методиј“ скокнало лице од стан на втор кат.

Полициски службеници излегле на местото и било утврдено дека станува збор за 24-годишниот Д.Б. од Скопје, кој скокнал во присуство на екипа на Итна медицинска помош која претходно пристигнала на местото.

Тој бил префрлен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.