Министерот за надворешни работи Никола Димитров се изгуби со „датумот од ЕУ“ и не се има појавено во јавноста откако Советот на ЕУ реши да не додели датум за преговори.

Претходно Димитров секојдневно бомбардираше со статуси за европската иднина на Македонија и оти датумот е загарантиран. Очигледно е оти Димитров е разочарaн од исходот во Брисел особено што изјавуваше дека ако повторно нема одлука за датум ќе нема лице да се појави пред македонските граѓани и да говори за европски вредности.

Одговорност од Димитров се бара и дома.

Претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика Антонијо Милошоски бара шефот на македонската дипломатија Никола Димитров да се обрати пред Комисијата по недобивањето на датум за отпочнување преговори со ЕУ.

Тој во документот кој го објави на неговиот Фејсбук профил посочува дека согласно чл.6 од Законот за надворешни работи министерот за надворешни работи има обврска да се обрати пред Комисијата за надворешна политика во Собранието најмалку два пати во годината.