Полицијата во изминатото деноноќие во државава изрекла 928 санкции за неносење маска.
-Во текот на изминатото деноноќие (29/30.10.2020) на територијата на РС Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 928 прекршоци, соопшти МВР.
Од таму апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со Ковид-19.