На денешната седница на Владата го предложив досегашниот директор на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, за нов четиригодишен мандат, при што предлогот беше едногласно усвоен, соопшти Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
– Многу е важно во секој момент да ги имаме вистинските луѓе на вистински места, одговорни и чесни луѓе кои доверената раководна позиција ја извршуваат со сериозна одговорност пред граѓаните и државата.
Му посакувам на Тасевски да продолжи со раководењето со БЈБ како и до сега, со успешни резултати во намалување на криминалот и враќањето на довербата на граѓаните во македонската полиција, напиша Спасовски.
Јавноста го памети Тасевски како телохранителот на Зоран Заев, кој во Собранието извади пиштол во немирите поради кои многу македонски патриоти денес лежат в затвор.