ВМРО-ДПМНЕ денеска со почеток од 18:30 часот организира протести со возила во седум градови против, како што велат од партијата, криминалот, корупцијата, неправдите и прогонот.

Од партијата ги повикуваат сите граѓани да им се приклучат на протестите.

Протестот во Скопје ќе започне од СЦ Јане Сандански, па се до Владата на Република Македонија.