Mинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со дел од раководството на МВР, претставници од дипломарскиот кор, локалната самоуправа и други институции, ќе присуствува на изведување тактичка вежба „Рефлекс 2023“, која ќе биде случај на откривање на прекуграничен криминал, односно криумчарење мигранти.
Вежбата е организирана од страна на регионалниот центар за Гранични работи ЈУГ со поддршка на ФРОНТЕКС, хеликоптерската единица при МВР, Општа Болница Кавадарци и сите останати заеднички помагатели, соопшти МВР.
Министерот Спасовски по вежбата ќе положи цвеќе на споменикот „12 Ваташки младенци“ во село Моклиште, Кавадарци.
Фото: МИА архива