Општина Арачиново не е веќе „црна овца“ туку денес добиваме пофалби и веќе се мериме со многу поголеми и финансиски помоќни општини од нас, вели градоначалникот Ридван Ибраими.

Општина денеска се пофали дека е зголемена наплатата на локалниот данок и годинава таа досега изнесува околу 100.000 евра. Од таму велат дека фразата „арачиновци не плаќаат данок“ веќе е минато.

– Општина Арачиново од вкупно 2.675 регистрирани домаќинства успеа да инкасира над 6 милиони денари по основ на локални даноци, што во споредба со 2022 е 422 отсто раст, информираат од Арачиново.

Градоначалникот Ибраими ова го презентирал на вчерашен настан во организација на УСАИД, а на презентацијата Арачиново било посочено камко „успешна приказна“.

– На крајот од презентација како што рече Ибраими, Арачиново не е веќе „црна овца“ туку денес добиваме пофалби и веќе се мериме со многу поголеми општини и финансиски помоќни од нас. Нашето домаќинско работење денес ги бележи првите позитивни резултати, благодарение на помошта и соработката со многубројни меѓународни организации, а посебно со УСАИД која во секој момент покажува подготвеност да ни помогне, се наведува во информацијата од Општина Арачиново.