На 366 лица им се издадени решенија за изолација, а 125 лица потпишале изјави за самоизолација во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Македонија.

Од МВР денеска соопштија дека од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката.

По однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 643 прекршоци.