Поради изведување градежни работи на магистралниот пат Скопје – Приштина, поточно од косовскиот граничен премин Хани Елези – Качаник, утре и задутре ќе биде во прекин сообраќајот во двата правци за влез и излез од Косово.

Како што соопшти МВР, прекинот во сообраќајот утре ќе биде во периодот од 9:00 до 12:00 часот и од 14:00 до 17:00 часот, а задутре (петок) во времето од 07:00 до 17:00 часот.