Утрово се уапсени неколку лица членови на политичката партија ДУИ, објавија повеќе медиуми.
Меѓу нив, како што објави порталот 24 Инфо е и Исмет Гури кој неодамна беше осуден а казна затвор од три и пол години за изборни нерегуларности во предмет на Специјалното јавно обвинителство.
Гури заедно со уште неколку лица утрово е уапсен поради сомневање за сторено кривично дело перење пари.
Министерството за внатрешни работи утрово извршиле претреси на повеќе локации во државата, при што има уапсени повеќе лица. Неофицијално меѓу уапсените се и членови и високи функционери на владеачката ДУИ.
Како што дознава порталот Локално, меѓу приведените има и даночни инспектори и бизнисмени.
Едно од имињата кое се спомнува дека е уапсено е и Гури од ДУИ, кој пред неколку дена доби затворска казна од 3 години и 6 месеци за случајот „Титаник 3“ за манипулација со изборни резултати на локалните избори во 2013 година во Чаир.
Според пресудата и Гури со неколку други лица, кои беа сведоци во судскиот процес, по гласањето за градоначалник во првиот круг во записниците од повеќе избирачки места го менувале бројот на гласови на тој начин што на кандидатот на ДУИ му додавале гласови, а на тој од ВМРО-ДПМНЕ во најголем дел од случаите одземале. Намалувале гласови и на кандидатот на ДПА.
Од министерството за внатрешни работи работи за „Фокус“ ја потврдија акцијата во која се приведени повеќе лица.
Утринава полицијата врши претреси на повеќе локации во Скопје, при што веќе има приведени повеќе лица – бизнисмени, инспектори, меѓу кои и функционери на ДУИ. Со оглед на професиите на лицата кои се апсат, очигледно станува збор за криминални дејствија поврзани со даночни проневери и перење пари.
Од МВР потврдуваат дека во тек се претреси во координација со ОЈО ГОКК, а за детали околу кривичните дела на оваа организирана криминална група и приведените лица ќе информираат во текот на денот.
Информациите за апсењето ги потврдуваат и од Обвинителство, каде се очекува во текот на денот да излезат со официјално соопштение.
Повеќе информации и детали се очекуваат во текот на денот.