Во рамки на засилените акциски контроли во сообраќајот полицијата вчера изрече 224 казни, од кои за возење со брзина поголема од дозволената 60 санкции, 40 за  прекршоци што ги чинат пешаците, 14 за возење без возачка дозвола и 12 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.

Како што соопшти денеска МВР, изречени се седум санкции за користење мобилен телефон, девет за возење под дејство на алкохол, пет за недавање првенство на минување на пешаци, четири за минување на затворен сигнал (црвено светло), 45 санкции за непрописно паркирање.

Од МВР најавуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и натаму и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.