На територијата на населба Драчево во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 109 мерки, меѓу кои  36 санкции за возење повеќе од дозволената брзина, информира денеска Министерството за внатрешни работи.

Исто така, санкционирани се и 15 возачи за возење без возачка дозвола, девет за технички неисправни и нерегистрирани возила, пет за некористење сигурносен појас

Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, се наведува во соопштението од Министерството.