При акциски контроли на полицијата во областа на сообраќајот вчера на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 297 возачи.

Од нив, 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, соопштија денеска од МВР. Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Скопје – 83, а потоа на територија на СВР Битола – 49, на територија на СВР Штип – 45…

Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.