Внатрешна контрола при МВР поведе постапка за санкционирање на двајца полициски службеници по пријава за примање поткуп од странски државјанин.
Имено според информациите од МВР на ден 04.04.2024 година двајцата УПС С.С и С.А. од Скопје кои според распоредот на работа во период од 22часот до 6 часот утрината имале точно предвидени рути за движење и снимање на сообраќајни прекршоци, излегле од предвидените рути, го исклучиле системот за снимање и вршеле дејствија без истите да бидат снимани.
Именуваните полициски службеници постапиле спротивно на наредбата за користење на системот за снимање, а им се става на товар и пријава за примање на поткуп, по пријава на странски државјанин.