Министерството за внатрешни работи изрече 72 мерки во акциски контроли во областа на сообраќајот  спроведени вчера на територијата на Општина  Центар.

МВР соопшти дека 72 возачи се казнети, меѓу кои девет за возење без возачка дозвола, шест за нерегистрирани возила, осум санкции за користење мобилен телефон.

Изречени се и четири мерки за технички неисправни возила во јавниот превоз и девет санкции за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.