Семејна драма се случила вчеравечер во Велес, кога жена во сопствениот дом нападнала тројца членови од семејството, а при интервенција и еден полицаец, соопшти СВР Велес.

– На 22 ноември во 19.35 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода В.З.(40 год) од Велес. Таа, по кратка расправија, физички ја нападнала нејзината свекрва, нејзиниот малолетен син и сопругот. При интервенција на полициските службеници, В.З. физички нападнала и еден од полициските службеници, информираат од СВР Велес за Прес 24.

По целосното расчистување на случајот, од МВР најавуваат и соодветна пријава.