На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 191 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42, 11 санкции за возење без возачка дозвола, четири за возач почетник, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР додадоа дека изречени се 10 санкции за користење мобилен телефон, пет за минување на затворен сигнал (црвено светло), три за некористење сигурносен појас и 68 санкции за непрописно паркирани возила.

– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, додадоа од МВР.