Во акциска контрола во областа на сообраќајот Министерството за внатрешни работи вчера на територијата на Град Скопје санкционира 221 возач.
Од изречените мерки, 58 се за управување со брзина поголема од дозволената, 15 за возење без возачка дозвола, седум за нерегистрирани и технички неисправни возила, две за управување под дејство на алкохол, 12 за користење на мобилен телефон и четири за поминување на црвено светло на семафор.
Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.