Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи продолжи со засилени акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 242 мерки.

-Изречени се 42 санкции за возење повеќе од дозволената брзина, 23 санкции за возење без возачка дозвола, осум за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се 18 санкции за користење мобилен телефон, 15 за некористење сигурносен појас, 14 за непрописно престројување, девет за минување на затворен сигнал (црвено светло) и 59 санкции за непрописно паркирани возила, велат од МВР.

Од Министерството информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот.