На територијата на град Скопје вчера изречени се вкупно 211 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 94 санкции, 17 за возење без возачка дозвола, девет прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, пет за технички неисправни и нерегистрирани возила, соопшти утрово МВР.

Изречени се девет санкции за користење мобилен телефон, 17 за возење под дејство на алкохол, 17 за управување возило без возачка дозвола…

Од Министерството за внатрешни работи велат дека ќе продолжат со засилените акциски сообраќајни контроли и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.