Во спроведена зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, во текот на вчерашниот ден санкционирани се 98 возачи, од кои 30 биле исклучени од сообраќај.
Како што соопшти МВР, од вкупно изречените казни, 62 се за возачи кои не користеле заштитна кацига за време на возење, 21 возеле без возачка дозвола, а санкционирани се и други прекршоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.