Во новата учебна години која започнува во септември, податоците и оценките за учениците во основното и во средното образование наставниците ќе ги внесуваат исклучиво во електронски дневници, соопшти Бирото за развој на образованието.

Во 25.000 дневници ќе се води електронска евиденција, во која спаѓаат оценките, изостаноците и информации за активностите на учениците.

Наставниците извесно време бараа да бидат ослободени од водење двојна евиденција, но дел од нив посочија и можни проблеми бидејќи во сите училишта нема интернет.

Министерството за образование и наука соопшти дека е подготвено за почнување на новата учебна година и во услови на пандемија.