Забраната за движење од 20.00 часот (13.04.2021) до 05.00 часот (14.04.2021) не ја почитувале 27 лица, а во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 435 прекршоци.

Во денешното соопштение Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.