Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи евидентирало 152 прекршоци во сообраќајот на територија на град Скопје.

Како што информираат од Министерството од вкупниот број на прекршоци, 49 биле за возење повеќе од дозволената брзина 49, девет за возење без возачка дозвола, четири за технички неисправни и нерегистрирани возила.

-Изречени се осум санкции за користење мобилен телефон, четири за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет за некористење сигурносен појас и 36 санкции за непрописно паркирани возила. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението.