Летот на Боинг орбиталната капсула Старлајнер не мина според очекувањата, но затоа пристигна единствената снимка на Земјата погледната од Земјината Орбита, направена од внатрешноста на кабината.

Првиот пробен лет на Старлајнерот е делумно неуспешен, оти леталото не успеа да стигне на зацртаното место на Меѓународната вселенска станица – МВС. Сепак, Боинг објави видеоснимка од она што се случувало во вселенскиот брод. Сè тоа го снимале четири камери однатре во капсулата.

На снимката може да се види и погледот низ прозорот од капсулата, од кој се гледа лансирањето, влезот во Орбитата и поглед на нашата планета од далечина.

Летот е изведен без човечка посада. Она што некому ќе му изгледа како човек, всушност е кукла облечена како астронаут во пилотската кабина. Наречена Роси, по американската легенда за Роси спојувалката од Втората светска војна.