Пет нови случаи на заболени од Ковид-19 се регистрирани денеска, а Институтот за јавно здравје регистрира 95 оздравени пациенти во Скопје-32, Куманово-38, Прилеп-16, Тетово-2, Велес-7.
Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Куманово на возраст од 94 години, хоспитализиран на 28 април, а денеска институтот регистрира и пациентка од Струга на возраст од 69, која починала на 29 мај на пат кон болницата во Охрид. Од страна на ЦЈЗ Охрид е земен постпмортем брис кој покажал присуство на вирусот, соопшти Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа направени се 249 тестирања, а од петте нови случаи во Скопје се два, во Куманово еден, во Прилем еден и во Тетово еден.
Во однос на оздравените пациенти од вчера направена е исправка, 2 лица кои се испишани од Инфективната клиника во Скопје од Прилеп и Струга се сеуште позитивни на вирусот, но во добра општа состојба се пуштени на домашно лекување. Согласно ова вкупната бројка на Ковид-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1511, бројката на оздравени пациенти е 945, на починати е 84, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 482.
Последната дистрибуција по градови е следна: Скопје – 511, Куманово – 401, Дебар – 51, Штип-34, Прилеп –158, Тетово – 86, Струга – 67, Велес – 77, Битола –19, Охрид –15, Кавадарци – 5, Гостивар –17, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-5, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 31, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино -9 (*7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија), Демир Хисар – 1, Македонски Брод -2, Пехчево- 2, Делчево-1, Валандово -1, Виница – 2
Наравените 249 теста се преку: ИЈЗ –224, Ветеринарен ф-тет -0, Авицена –0, Биотек -11, Филип Втори (Жан Митрев) –5, Систина со PCR метода -6 и МАНУ -3. Досега во земјата се направени вкупно 17246 тестирања на ковид -19.
Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 2 нови пациенти, а хоспитализирани вкупно 39. На кислородна поддршка е 21 пациент, а на механичка вентилација 1 пациент.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 3 нови, а вкупно хоспитализирани 23 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти, а уште 5 се со потешка клиничка слика.
Во болницата во Битола се лекуваат 4 пациенти, а на домашно лекување се следат 3. Во болницата во Штип се примени 2 нови пациенти, а хоспитализирани вкупно 4, а уште 4 се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Гостивар и Тетово се хоспитализирани 44 позитивни и суспектни на Ковид-19.