Во врска со објавените написи околу тоа дека Комисијата за заразни болести не препорачала отворање на границите, Министерството за здравство целосно ја демантира оваа информација како невистинита и информира дека на состанокот на Комисијата на заразни болести од 22 јуни 2020 година, Комисијата донесе одлука за препорака за отворање на границите и таа одлука заедно со другите одлуки и препораки за отворање на економски субјекти се доставени до Владата на Република Северна Македонија.
Ова е реакцијата на Мин истерството на Филипче. Но, како што гледате, во реакцијата не пишува од кој датум Комисијата препорачала да бидат отворени границите, ниту ја презентира одлуката на Комисијата. Изворите од Комисијата пак тврдат дека препорачале да се отворат границите, но допрва да се разговара за тоа од кој датму да се случи отворањето. Со други зборови, тие не одредиле датум, ниту препорачале такво нешто.
За потсетување, наводно врз основа на препораките на Комисијата, Владата донесе одлука за отворање на границите иа аеродромите од 26 јуни, без задолжителни тестови и без упатување во домашна изолација.
Оливер Спасовски за одлуката се повика на Комисијата, претседателот на Комсијата Жарко Караџовски не го потврди тоа, а МЗ ја демантира Комисијата.
И додека тие с е расправаат, Бујар Османи веројатно од страна се смее. Тој уште пред неколку дена рече дека треба комплетно да се отворат границите, и тоа и се случи. Отворањето му е потребно на ДУИ бидејќи се надева дека ќе успее да довлечка гласачи од странство за 15 јули.