Нотарот Насер Зибери е кандидатот на ДУИ за премиер на Македонија, објави ТВ Сител.

Зибери е политичар кој зад себе има три пратенички мандати, а бил и министер за труд и социјална политика.

Неговата политичка кариера главно се поврзува со партијата ПДП, а во моментов работи како нотар.