Министерството за здравство информира дека е разрешен Директорот на Центарот за јавно здравје Скопје, д-р. Арбен Зибери.
– Зибери е разрешен заради пласирање на неточни изјави во јавноста со што директно наштети на угледот на членовите на Комисијата за заразни болести, доведувајќи го во прашање кредибилитетот на здравствените институции во борбата со коронавирусот, се вели во соопштението на министерството за здравство.
Министерството информира дека д-р Александар Стојанов, епидемиолог од Центарот за јавно здравје е назначен за нов ВД директор на Центарот.
Арбен Зибери вчера на својот профил на „Фејсбук“ напиша дека тој помогнал на Комисијата за заразни болести да ги отвори границите, за да може гласачи на ДУИ да дојдат да гласаат на 15. јули.
Министерот Венко Филипче вчера го коментираше тој потег на Зибери, и најави дека ќе биде разрешен затоа што таква изјава не доликува на директор и доктор.