Историскиот прв натпревар помеѓу првиот и вториот тим на МЗТ Скопје заврши со победа на шампионот од 108:77.  МЗТ Скопје Аеродром го победи МЗТ Скопје Уни банка во првиот дуел од второто коло во Првата кошаркарска лига на Македонија.

Ова беше првпат на прволигашки меч во машка конкуренција, еден против друг да се сретнат два тима од ист клуб.

Андреј Маслинко со 27 поени и 15 скока беше најкорисен поединец, а тренерот Кочов ги одмораше Стојановски, Симоновски, Омот и Хиндс.

Останатите мечеви од второто коло се играат викендов, а двојките се: Вардар – Кожув, Еуро Никел – Пелистер, Академија ФМП – Куманово и Работнички – Гостивар