Кошаркарите на Борац Чачак го совладаа Будуќност во Подгорица во 26. коло од АБА лигата со резултат 87:85 (21:22, 21:20, 28:24, 17:19) и ја забележаа седмата победа со која се спасија од директна елиминација од ова натпреварување.

МЗТ од Скопје се сели во понизок ранг, а чачани ќе играат плеј-оф против екипа од АБА 2.