За тоа дали ќе важат помилувањата на експретседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, ќе се знае во февруари, кога Судот за човекови права во Стразбург, на 16. следниот месец ќе ја соопшти одлуката, пренесува „А1он“ повикувајќи се на извори од правосудните органи.

По шест години, со оваа одлука ќе се затвори прашањето дали обвинетите во четири случаи на СЈО можат да одговараат кривично за дела со кои се опфатени во предметите, а дел и осудени.

Жалбата до Стразбур е поднесена во 2017 година, а во која се посочува дека еднаш дадена аболиција не може да биде отповикана. Доколку на 16 февруари, Стразбур каже дека оваа теза е точна – осудените ќе треба да бидат ослободени. Во спротивно, ако Стразбур одлучи дека аболициите можат да бидат отповикани, тогаш сите обвинети ќе подлежат на кривична одговорност.