Два патнички авиона се судрија на пистата на аеродромот во Амстердам.

Како што објавија медиумите, судирот се случил на аеродромот Шипхол меѓу авионите на компаниите „Изи џет“ А320 и на „КЛМ“ Боинг 737-800.

Двете летала се оштетени, а патниците се безбедно евакуирани.

Компанијата „КЛМ“ моментно се обидува на своите патници да им обезбеди друг авион за да го продолжат патувањето кон Мадрид.