Истражувачите од Универзитетот во Коларадо забележали најниска температура измерена на нашата планета кога било до сега. На Антарктикот се регистрирани минус 98.6 Целзиусови степени.

Научниците ја регистрирале најниската температура за време на анализирањето на сателетските мерења на Антарктикот во периодот од 2004 до 2016 година, кога се забележани 150 пати температури пониски од 90 Целзиусови степени.

Откритијата научниците ги публикувале во магазинот Истражување на земјата и вселенска наука.

Пред ова најниска температура од минус 89.2 Целзиусови степени биле измерени на руската станица Восток на 23 јули 1983 година.