1483.- Големиот шпански морепловец Кристифор Колумбо, на своето трето патување во новиот свет, го открил островот Тринидат, а потоа првпат стапнал на брегот на Јужна Америка.

1784.- Во Париз умрел Дени Дидро, француски филозоф, енциклопедист, критичар на религиозниот морал и носител на просветителската мисла од предреволуционерна Франција. Со своите дела значително влијаел врз расположението на граѓаните во борбата против феудалниот и апсолутистичкиот режим. Главни негови дела се „Писма на слепите“, „Разговор на Даламбер и Дидро“, „Мисли на толкување на природата“. Роден бил на 5 октомври 1713 година.

1886.- Во Баварија умрел Франц Лист, унгарски пијанист и композитор, музичар со романтичарско определување и предводник на германската школа. Тој бил пијанистички виртуоз кој изградил модерна техника и нов звучно брилијантен клавирски стил. Зад себе оставил симфониски поеми, низа камерни дела за оргули и вокални дела. Роден бил во Доборјан, на 22 октомври 1811 година.

1944.- Во борбена задача како авијатичар загина Антоан де Сент Егзипери, француски писател, автор на најубавата модерна бајка, романот за деца „Малиот принц“. Роден бил во 1900 година.

1954.- Италијанската експедиција која ја предводел Ардито Десио прва успеала да го освои хималајскиот врв К-2.

1964.- Американската вселенска сонда „Ренџер 9“ ги емитувала на Земјата првите снимки од темната страна на Месечината. Овој успех научниците го оцениле како најголем дострел на астрономијата по Галилеј.

1971.– Американските астронаути Дејвид Скот и Џејмс Ирвин, членови на мисијата „Аполо 15“, биле првите луѓе кои се возеле на површината на Месечината – повеќе од шест часа поминале во возење со електрично лунарно возило.

1991.- Претседателите на Советскиот Сојуз и САД Михаил Горбачов и Џорџ Буш во Москва го потпишале договорот за ограничување на нуклеарното оружје со голем дострел.

1994.- Советот за безбедност на Обединетите нации ја одобрил употребата на воена сила во Хаити, овозможувајќи ја на тој начин интервенцијата која против воениот режим ја предводеле САД и враќањето на власт на избеганиот претседател Жан Бертран Аристид.

2001.- Во Тетовско, од нападот на албанските терористи врз полициски пункт кај Радио Тетово, загинал Цоки Стојановски (на 28 г.) од Тетово, припадник на МВР.

2002.- Во текот на посетата на Мексико, папата Јован Павле Втори го прогласил за светец Хуан Диего, селанец од 16 век, кој станал прв римокатолички светец во Америка.