На денешен ден во 2001 година на патот Скопје – Тетово во близина на селото Групчин кај месноста Карпалак албанските терористи од заседа нападнаа конвој на Армијата на Република Македонија, при што беа убиени десет припадници.

На тој ден животите за Македонија ги дадоа: Нане Наумоски (48), резервен капетан, Сашо Китановски (40), резервен поручник, Горан Миновски (29), воен обврзник, Ердоган Шабановски (21), воен обврзник, Љубе Грујоски (32), воен обврзник, Бранко Секулоски (43), воен обврзник, Дарко Велјановски (27), воен обврзник, Пеце Секуловски (31), воен обврзник, Веби Рушитовски (26), воен обврзник и Мирко Деспотовски (27), воен обврзник.

Сите загинати се од Прилеп и Прилепско. Министер за одбрана во тој период беше Владо Бучковски, кој подоцна стана и премиер, а во мандатот на Владата на бившиот премиер беше специјален советник на во преговорите со Бугарија.