На 21 јуни 1983 година во Елизабет Сити, Северна Каролина, во Соединетите Американски држави е роден Едвард Џозеф Сноуден, кој пред повеќе од една деценија предизвика бура во светот со објавени документи од ЦИА.
Сноуден е поранешен работник на ЦИА, кој работел како советник на Државната агенција за безбедност на САД. Тој предизвика голема бура и полемики кога во јавноста изнесе тајни документи кои покажале дека постојат голем број тајни проекти за надгледување и документи кои покажуваат дека САД спровеле хакерски напади на компјутери ширум светот.
Сноуден документите им ги предаде на лондонски Гардијан и Вашингтон пост во јуни 2013 година, а во октомври истата година Сноуден објави документи кои упатуваат на тоа дека американските тајни служби го прислушкувале дури и мобилниот телефон на германската канцеларка Ангела Меркел и тоа во период подолг од 10 години. Тоа предизвика голем меѓународен скандал.
Сноуден е роден во Елизабет Сити во Северна Каролина, а пораснал во Вилмингтон. Неговиот татко, Лони Сноуден, кој живее во Пенсилванија, бил полицаец на крајбрежната стража на САД, а неговата мајка која живее во Балтимор во Мериленд, службеничка при федералниот суд во Мериленд.
Сноуден по објавувањето на документите од ЦИА, избега најпрво во Хонгконг, а подоцна во Москва. Тој доби помош од организацијата Викиликс и од нејзиниот основач Џулијан Асанж, кој исто како Сноуден, долги години живееше во еквадорската амбасада во Лондон, се до неговото апсење од британската полиција.
Сноуден откако одби азил од повеќе држави, меѓу кои и Венецуела од 1 август 2013 година има азил во Русија.
Тој за апсењеѕо на основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж тогаш рече дека претставува мрачен момент за слободата на печатот.
-Фотографиите од еквадорскиот амбасадор кој ја повика британската тајна полиција во Амбасадата за да го извлече од зградата издавачот, дали тоа ви се допаѓало или не, наградуван за новинарство – ќе заврши во учебниците по историја. Критичарите на Асанж може да се радуваат, но ова е мрачен момент за слободата на печатот, напиша тогаш Сноуден на Твитер, кој е во азил во Русија.
Сноуден потсети дека Обединетите нации соопштиле оти неговото апсење би претставувало кршење на човековите права и побараа да му се овозможи да се брани од слобода.
(Подготвил: Д. Г.)