На 9 јануари 1909 година во Прилеп е роден Рампо Левков – Левката, македонски народен херој, адвокат и поет, прогонуван и од српската, а подоцна и од бугарската окупаторска полиција во Македонија.

Левката поради својот револуционерен дух често бил затворан, а од есента 1941 година живел и дејствувал полулегално и со голем успех работел на омасовувањето на оруженото востание на македонскиот народ.
Левката е автор на поемата „Бабуна“. Тој по тешка тортура од бугарската окупаторска полиција, бил убиен и фрлен во варница во Прилепско, на 19 септември 1942 година.

Дедо му држел кафеџилница и берберница, а татко му имал грнчарница во Прилеп. Основно образование и гимназијата завршил во родниот град, а во 1929 година се запишал на Правниот факултет во Белград, каде студирал вонредно. И покрај материјалните тешкотии, го завршил навреме, а во 1935 година заминал на отслужување на воениот рок во Валево во војската на Кралството Југославија, под чија окупација тогаш била Македонија.

Откако се вратил во Прилеп, работил како волонтер во Прилепскиот суд. Левката планирал да се кандидира за претседател на општината, но според законските прописи, не го исполнувал условот за старост, односно, имал помалку од 30 години. Сепак, активно учествувал во составување на списокот на кандидати од граѓанската независна листа, а помагал и на сограѓаните со правни и други совети при тужби и жалби во спорови со тогашните окупаторски власти. Но, пред денот на гласањето, српската полиција го уапсила него како и Трајко Бошковски – Тарцанот.

По изборите полицијата често му упаѓала дома, барајќи причини за да го уапси. Во 1940 година, Рампо Левков бил испратен во Ужице, во Србија, во неофицијален логор за сомнителните. Таму ја дочекал капитулацијата на Кралството Југославија, по што се вратил дома.

Но, и потоа, поради својот револуционерен дух, често бил затворан. Од есента 1941 година, живеел и дејствува полулегално и работел на омасовувањето на оруженото востание на македонскиот народ против новата бугарска окупација. Во меѓувреме полагал адвокатски испит, а потоа отворил и адвокатска канцеларија.

Во декември 1941 година, на барање на Пенко Здравковски, кој бил раководел со партиската ќелија во која членувал Левката, побарал од тој да напише нешто во стих. Тогаш Рампо Леквов ја составил баладата од 170 стиха „Бабуна“, која наредниот ден била размножена и делена меѓу народот, а во мајскиот број во 1942 година на „Народен глас“, песната била ставена на насловната страница.

На 14 септември 1942 година, по разбивањето на партизанскиот одред на планината Мукос, бугарската војска го уапсила Рампо Левката, заедно со уште дваесетмина. По долгото мачење, осумнаесетмина биле стрелани од страна на бугарскиот окупатор, кај прилепското село Дабница, на 19 септември 1942 година, настан кој е познат како Дабнички маскар.
Левката за народен херој бил прогласен на 11 октомври 1951 година.Во негова чест, едно основно училиште во Прилеп го носи неговото име.

(Подготвил Д. Г.)