26 април

-Денеска е Светски ден на дрвјата

– Денеска е Светски ден на интелектуалната сопственост

121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар (161-180) и филозоф. Во афористичка форма го напиша делото “Разгледување на самиот себеси” во 12 книги. Умре на 17 март 180 година.

1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар, архитект, инжинер, пронаоѓач и мислител Леонардо да Винчи. Направи релативно мал број слики, од кои најзначајни се „Мона Лиза“, „Богородица во пештера“, „Света Ана“ и „Тајната вечера“. Ниту едно негово вајарско дело не е сочувано. Тој се интересираше и за природните науки – физика, астрономија и хемија. Го напиша „Трактатот за сликарството“.

1532.- Напредувајќи кон Виена, турската војска под команда на султанот Сулејман II навлезе во Унгарија.

1573.- Родена е француската кралица од италијанско потекло Марија де Медичи, која по смртта на кралот Анри IV во 1610 година управуваше со земјата како регенткиња со синот Луј XIII.

1607.- Капетан Џон Смит во Кејп Хенри, Вирџинија ги доведе првите колонисти, кои  ја основаа првата постојана британска населба во Америка.

1711.- Роден е шкотскиот филозоф, економист и историчар Дејвид Хјум, кој го издигна емпиристичкото филозофско мислење во Англија. Даде значителен придонес на критичката филозофија на Имануел Кант и влијаше на позитивната и логистичко-емпиристичка филозофија. Претходник е на класичните англиски економисти и творец е на квантитативната тероија за парите. Дела: „Расправа за човечката природа“, „Политички расправи“, „Истражување на принципите на моралот“, „Историја на Англија“, „Мојот живот“.

1798.- Во Шератон Сен Морис е роден Ежен Делакроа, француски сликар, главен претставник на романтизмот во сликарството. За него славниот уметник Пол Сезан рекол “Делакроа останува најубавата палета на Франција, сите сликавме според него”. Негови најпознати дела се “Слобида на барикадите”, “Колежот на Хиос”, “Смртта на Сарданепал” и други. Умре во Париз, на 13 август 1863 година.

1812.- Роден е германскиот индустријалец Алфред Круп, наречен „крал на топовите“. Управуваше со металуршкиот концерн „Круп“ кој од 1847 година почна да произведува тешки топови. Фабриката „Круп“ и во двете светски војни произведуваше тешко оружја за германската војска.

1828.- Русија му објави војна на Османлиското царство, поддржувајќи ја борбата на Грците за независност.

1865.- Џон Вилкис Бут, убиецот на претседателот на САД Абрахам Линколн, е убиен од федералните војници, 11 дена по смртта на Линколн.

1889.- Роден е австрискиот филозоф Лудвиг Витгенштајн. Дела: „Филозофски истражувања“, „Филозофски напомени“.

1894.- Роден е нацистичкиот првак Рудолф Хес, заменик на нацистичкиот водач Адолф Хитлер, кој во мај во 1941 година, наводно на своја рака, со авион одлета во Шкотска со намера кај британската влада да издејствува сепаратистички мир со Германија. Неговиот предлог не беше прифатен и крајот на Втората светска војна го дочека како заробеник во Велика Британија. На судењето во Нирнберг во 1946 година беше осуден  на доживотна робија за воени злосторства. Во август 1987 година се обеси во ќелијата на затворот „Шпандау“ со помош на електричен кабел.

1900.- Во Хамилтон, Охајо, САД роден е Чарлс Рихтер, еден од пионерите на сеизмологијата и творец на скалата според која се мери јачината на земјотресот. Умре во Пасадена, Калифорнија, во САД, на 30 септември 1985 година.

1910.- Умре норвешкиот писател Бјернштјерн Мартиниус Бјернсон, добитник на Нобеловата награда во 19. век. Дела: „Среќно момче“, „Татко“, „Стечај“, „Уредник“, „Крал“, „Нов систем“, „Ракавица“, „Арнљот Гелине“.

1915.- Италија тајно го потпиша Лондонскиот договор со Велика Британија, Русија и Франција и во Првата светска војна премина на страната на силите на Антантата. Притоа и беа ветени Јужен Тирол, Трст, Горица, Истра, поголем дел од Далмација и дел од Албанија.

1937.- По налог на генерал Франко, фашистичките авиони го уништија шпанското градче Герника и убија стотина луѓе. Славниот сликар Пикасо го овековечи страдањето на Герника на својата истоимена слика, која стана симбол на борбата против фашизмот.

1942.- Во најголемата несреќа во историјата на рударството, во кинескиот рудник за јаглен во Бенкси, тогаш под окупација на Јапонија, загинаа најмалку 1.540 луѓе.

1954.- Во Женева почна конференцијата за Индокина на која и беше ставен крај на француската доминација во тој дел од светот. САД не ги прифатија резултатите на собирот, па во јуни 1954 година, диктаторот Нго Дин Дијем, со поддршка на САД, стана премиер на Јужен Виетнам.

1962.- Во Кејп Канаверал, во САД, лансиран е првиот меѓународен сателит за телекомуникациски цели, заеднички американско-британски потфат.

1964.- Со обединувањето на Тангањика и Занзибар е прогласена Обединетата Република Танзанија.

1966.- Во ерупција на вулканот Келуд на индонезискиот остров Јава загинаа најмалку 1.000 луѓе.

1984.- Умре афроамериканскиот џез музичар Вилијам „Каунт“ Бејзи, композитор и водач на оркестар. Во 1937 година го основа оркестарот со врвните музичари, вклучувајќи ги и пејачката Били Холидеј и трубачот Бак Клејтон. Оркестарот набрзо стана најдобриот свинг-оркестар во светот.

1992.- Република Македонија монетарно се осамостои. Новата македонска валута доби име “денар”.

1992.- Владата на Република Македонија донесе одлука за признавање на Република Босна и Херцеговина.

1993.- Република Албанија ја призна независноста на Република Македонија.

1994.- При падот на тајвански патнички авион „Ербас А300-600“ близу аеродромот кај јапонскиот град Нагој, загинаа сите 264 патници и членови на екипажот.

1994.- Во Јужна Африка почнаа првите избори на кои учествуваа сите граѓани, без оглед на потеклото и расната припадност.

2002.- Во Ерфурт, престолнина на германската покраина Тирингија, поранешен ученик во тамошната гимназија уби 14 професори, два ученика и еден полицаец, а потоа изврши самоубиство.

2004.- Во Лос Анџелес умре Хјуберт Селби, помладиот, американски писател. Негови најпознати романи се “Последната станица Бруклин” и “Реквием за еден сон”. Роден е во Бруклин, Њујорк, во 1928 година.

2005.- Умре австриската филмска и театарска глумица Марија Шел, која ја доби наградата за најдобра женска улога во филмот „Последниот мост“, во 1954 година во Кан.

2008.- Во пожар во фабрика во Казабланка во Мароко, 55 луѓе загинаа, а 12 беа тешко повредени. Пожарот изби во приземјето на зградата во моментот кога во неа се наоѓаа 60-ина работници, од вкупно 150 вработени во таа фабрика.