На 26 ноември 1924 година на Третиот вонреден конгрес на Социјалистичката партија на Грција учествувал и македонскиот револуционер Трифун Хаџијанев, како делегат на воденската организација.

На овој конгрес грчката партија ги прифатила решенијата на Коминтерната за правото на самоопределување, а во таа смисла и за правото на македонскиот народ за создавање сопствена држава.

Трифун Хаџијанев е роден во Воден, во Егејска Македонија во 1893 година. Хаџијанев е еден од основачите на Месниот комитет на Комунистичката партија на Грција во Воден.

Поради своите заложби за Македонците во Егејска Македонија тој бил репресиран од грчките власти.

Во 1944 година бил ликвидиран од германските фашисти, заедно со уште 200 комунисти во затворот Хајдари, близу до Атина во Грција.

(Подготвил: Д.Г.)