На 4 јуни 1903 година, еден месец по убиството на македонскиот великан Гоце Делчев, во Охридско е убиен и струшкиот војвода Наум Чакаров- Лондра.

Подмолното и мистериозно убиство на војводата Чакаров се случило во близина на манастирот Св. Стефан, во месноста Гумниште. Чакаров, кој бил наречен Лондра е македонски учител, војвода и член на Охридското револуционерно началство и бил горски началник на Охридската околија.

Тој е македонски деец, роден во Струга во 1869 година, член на Внатрешната македонска револуционерна организација, и како и многу други македонски револуционери присвојуван од бугарските историчари.

Стружанецот Чакаров, роден во Османлиската империја, завршил педагошки курс во Солунската машка гимназија и во 1885 година IV клас во гимназита во Битола, а потоа работел како учител во Струга.

Во 1890 година заминал во Бугарија каде во бугарската армија стекнал воена обука, а извесен период работел како учител во селата Сестримо и Живково.

Но, кон крајот на 1896 година се врќа во Македонија во родната Струга и станува член на струшкиот комитет на ВМРО.

Есента во1901 година се вработува како учител во Охридската прогимназија, во 1902 година е избран за секретар на околискиот комитет на ВМРО во Охрид.

Војводата Чакаров на Смилевскиот конгрес во 1903 година, еден месец пред да биде убиен, е избран за охридски реонски началник.

Неговото убиство е мистериозно и неразјаснето, а според некои наводи убие е по грешка од четник на организацијата на брегот од Охридското Езеро.

(Д.Г.)