НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Во Сан Стефано е склучен мировен договор по Руско-турската војна со кој Русија на Бугарија и ја подарува Македонија

/ 03.03.2021

На денешен ден, 3 март 1878 година, по завршувањето на Руско-турската војна (1877-1878), во гратчето Сан Стефано, кај Цариград, бил склучен мировен договор, познат како Санстефански мир.

Со договорот е заклучено на Црна Гора, Србија и Романија да им се признае независност и територијално проширување на сметка на Турција. За Босна и Херцеговина била предвидена автономија под надзор на Австро-Унгарија, а било создадено и автономно кнежевство во вазален однос спрема Турција – Голема Бугарија.

Покрај другите делови, во кнежевството било предвидено да влезе цела Македонија. Но, поради несогласување на Австро-Унгарија, Германија и на другите големи сили со превласта на Русија во Источна Европа, на Берлинскиот конгрес (13 јуни  до 13 јули 1878 година), договорот бил ревидиран.

Одредбите на Санстефанскиот договор и на Берлинскиот конгрес, неповолно се одразиле врз понатамошните односи на Балканот.

„Склучувањето на Санстефанскиот договор беше голема грешка од руска страна. Зашто тој Договор правеше од Македонија чисто бугарска земја. Таа е словенска, но не и бугарска…” (“Петербуршки ведомости”, Бр. 315 од 1900 година)

По силните притисоци на Австро-Унгарија и Англија врз така скроениот Санстефански договор, идејата за негова ревизија била прифатена и од владата на Русија.

Кнезот Горчаков, по чија наредба руската делегација го потпишала договорот, нешто подоцна самиот напишал:

– Санстефанскиот мир ни создаде големи потешкотии. Сега ние треба да отстапуваме, и без жртви, одвај ќе најдеме излез од положбата, вели кнезот Горачков.

По тој настан реагирал и грофот Шувалов, кој на австроунгарскиот министер Андраши му изјавил:

– Санстефанскиот мир е несреќа за нас, а не за Австрија. Тоа е најголемото недоразбирање што можевме да го направиме. На крајот на краиштата, ние ќе бидеме принудени да отстапиме пред очите на цела Европа, изјавил Шувалов.

Договор по Руско-турската војна

Санстефанскиот мировен договор е договор помеѓу Руското Царство и Отоманската Империја склучен на крајот од Руско-турска војна (1877-1878). Бил потпишан на 3 март 1878 во Сан Стефано (Јешилќој), село западно од Истанбул, од страна на Никола Павлович Игнатиев и Александар Нелидов од страна на Руското царство и министерот за надворешни работи Сафет Паша и Амбасадорот во Германија Садулах Беј од страна на Отоманската Империја.

Со договорот всушност се воспоставила Санстефанска Бугарија како независна држава. Според некои извори за Русија Санстефанскиот договор претставувал само прелиминарен договор кој требало да служи како основа за понатамошни преговори со останатите големи сили од тоа време.

Австро-Унгарија, Британската Империја и Франција не биле задоволни со проширувањето на влијанието на Русија, додека Србија и Грција биле незадоволни од воспоставувањето на Голема Бугарија. Ова незадоволство довело до потпишување на нов мировен договор само неколку месеци подоцна, на Берлинскиот конгрес одржан во јуни и јули 1878 година.

Британскиот историчар A.J.P. Тејлор вели: „Ако договорот од Сан Стефано останел во сила и Отоманската империја и Австро-Унгарија би преживеале до денес. На крајот од 1878 Роберт Сесил пишува: Треба повторно да формираме рахитична форма на турското владеење на југот од Балканот. Но, тоа е само одмор. Нема виталност останато во него.“

Денот на потпишувањето на овој договор во денешна Република Бугарија се слави како национален ден на ослободување.

По крајот на Руско-турската војна во Едрене било потпишано примирје. Уште во почетокот на Руско-турската војна ситуацијата во Европа била загрижувачка. И покрај противењето на опозицијата на чело со Вилијам Гладстон во мај 1877 година, Владата на Велика Британија донела одлука да се вклучи во војната на страната на Отоманската империја во случај Русија да го нападне Истанбул и да навлезе на територијата на Египет или да ги окупира Дарданелите или Персискиот залив. Руската влада брзо ја уверила на Англија дека Египет и Персискиот залив не се во нејзините планови.

Бидејќи стравувала од сојуз на Русија со Германија и Австро-Унгарија, британската влада сакала да ја привлече Австро-Унгарија на своја страна. Во мај 1877 година британскиот премиер испратил таен меморандум до австро-унгарската влада која одговорила дека нема да биде согласила на една долготрајна руска заштита над Бугарија. Отворените антируски искази во Англија и несогласувањето на Хабсбуршката монархија со руските планови довело до тоа да Високата Порта побара дипломатска помош. Виена сепак ја отфрлила османлиската молба за помош бидејќи не барала начин да ја спаси империјата туку да се прошири кон Балканскиот полуостров. Поради тоа Австро-Унгарија сакала мировниот договор по војната да биде потпишан од сите Големи сили, зад кој договор застанала и Велика Британија.

Германија ја зазела страната на Русија

Во февруари 1878 година Германија ја зазела страната на Русија бидејќи се интересирала само од слободниот превоз по Дунав и Дарданелите, а освен тоа се залагала за поробеното христијанско население на Балканот. Канцеларот Ото фон Бизмарк понудил да посредува во руско-британските несогласувања. На крајот на истиот месец министерот за надворешни работи на Австро-Унгарија се спротиставил остро против проширувањето на Бугарија на југ од Стара Планина. Во меѓувреме Русија започнала да има тешкотии и со балканските сојузници. Романија изразила незадоволство од преминувањето на Јужна Бесарабија во составот на Руската империја иако таа ја добила Северна Добруџа како компензација. Подоцна сите овие околности, вклучувајќи го и фактот што руската армија не ги ослободила Македонија и Родопите, ја попречиле реализацијата на Санстефанскиот договор и поради тоа истиот бил ревидиран преку Берлинскиот договор.

Мировните преговори започнале на 13 февруари откако во Едрене пристигнал првиот член на турската делегација, министерот за надворешни работи Сафвет Паша. Две недели подоцна пристигнал и вториот – Сабдулах бег, амбасадор во Берлин. Во тоа време започнал и упадот на Британската морнарица во Мраморно Море. Уште во почетокот на преговорите Сафвет паша најавил дека империјата ќе ги оствари изработените од Цариградската конференција реформи, но тој ги отфрлил условите за мир бидејќи потпишување на договорот требало да има само ако биде започнат конгрес на сите Големи сили. Сафвет сакал да ги одлага преговорите но да не ги прекинува бидејќи се плашел од нова руска офанзива кон главниот град но сеуште се надевал на британска и австро-унгарска подршка. Преговорите започнале да одат во ќор сокак па руската влада решила да преземе цврсти мерки. На 24 февруари испратила одред од 10.000 луѓе крај Цариград, а главните руски преговарачи се преместиле од Едрене во Сан Стефано, но оваа тактика на заплашување не дала резултат и османлиските преговарачи продолжиле да заработуваат во време до посакуваната помош од конгрес со Големите сили.

Турците против границите на Бугарија и Србија

Делегацијата на Отоманската империја се противила на границите на Бугарија и Србија, кои зазимале значителни делови од териториите на империјата. Руските претставници не сакале да отстапат од своите позиции. На 25 февруари во Сан Стефано пристигнал големиот везир Ахмед Вефик но повторно не бил постигнат успех па на 28 февруари истите биле прекинати. Истиот ден грофот Игнатиев го известил главниот командант на војските кнез Николај Николаевич дека примирјето мора исто така да биде прекинато но Николаевич бил загрижен дека ваквите дејства би довеле до војна со Велика Британија. На 1 март руските претставници поставиле ултиматум на османлиската делегација да го потпише договорот или воените дејствија ќе бидат обновени а во исто време руската армија започнала готовност за датргне кон османлиската престолнина. Така Високата порта започнала повторно да преговата. Договорот бил потпишан на 3 март 1878 година а одлуките на договорот стапиле во сила на 18 март.

Со договорот се воспоставува автономна област во рамките на Отоманското Царство со широки овластувања, Христијанска управа и право на сопствена армија. Оваа територија го опфаќа просторот помеѓу Дунав и планинскиот масив Стара Планина, регионот на Софија, Пирот и Врање во долината на Морава, Северна Тракија, делови на Источна Тракија и речиси цела Македонија (Член 6 од договорот).

Принц избран од народот, потврден од страна на Отоманската империја и Големите сили ќе управува со територијата. Совет на видни луѓе ќе дадат предлог на Устав (Член 7). Воените трупи на Отоманската империја ќе се повлечат од оваа територија, додека Руската воена окупација ќе продолжи во следните две години (Член 8).

Црна Гора Согласно договорот, речиси двојно ја зголемува својата територија за сметка на Отоманската Империја, при што и се преклучени (Никшиќ),(Подгорица) и (Антивари). Отоманската империја ја признава нејзината независност.

Велика Британија и Австро-Унгарија се спротивставиле

Со потпишувањето на Санстефанскиот мировен договор Отоманската империја ги прифатила барањата на Русија но се надевала дека барем делумно ќе влијае на новата бугарска држава. Велика Британија и Австро-Унгарија се спротиставиле на договорот изјавувајќи дека Русија т.н. Источно прашање го заклучила единствено во нејзина корист без да расправа за тоа со западните сили. Заедно со Велика Британија, Италија и Франција исто така се изјасниле против излегувањето на Бугарија на Белото Море, под изговор дека ќе биде користено од Русија за свое идно влијание на Медитеранот. Велика Британија започнала да се подготвува за војна. Австро-Унгарија била незадоволна бидејќи кон новата бугарска држава била вклучена Македонија. Германија индиректно ја подржала Русија. Оваа криза довела да Русија започне да размислува за идните можни конфликти против Велика Британија и Австро-Унгарија. Руската армија била изморена од војната и неспособна.

На крајот на март 1878 година од Русија во Австро-Унгарија бил испратен грофот Игнатиев кој требал да постигне разбирање за спорните прашања. Започнале преговори околу средна и западна Македонија кои влегувале во Бугарија, а Австро-Унгарија овие територии ги посакувала за свои цели и излез на Егејско Море а како компензација Србија би се проширила кон источните делови. Така преговорите немале успех, а од Берлин пристигнала телеграма во која Германија се понудила како посредник меѓу британската и руската страна, со цел да се избегне голема војна.

На 27 април 1878 година руската влада донела одлука за исполнување на барањата на Австро-Унгарија во врска со Бугарија, со цел да избегне конфликт. Според договорот со британската страна, Бугарија била поделена на два дела. Јужниот дел го добил името Источна Румелија. Србија и Грција исто така не биле незадоволни од воспоставувањето на Голема Бугарија. Ова незадоволство подоцна довело до одржување на Берлинскиот конгрес во 1878 година. Романија, која дала голем придонес на страната на победниците во војната, била крајно разочарана од договорот. Јавноста во Романија гледала на договрот како предавство од страна на Русија, која го прекршила Руско-романскиот договор пред започнувањето а војната, со кој се гарантирал интегритетот на романската територија.

(Подготвил: Д.Г.)


Од истата категорија